Бронзен Тен – Spray Tan

Tanning

Еден од најпопуларните и најбрзите начини за добивање на бронзен тен e спрејот за самопотемнување или спреј-тен.

За сите оние што сакаат здрав и бронзен тен во текот на целата година, но сакаат да го избегнат ризикот од штетното изложување на сонце, спрејот за самопотемнување е вистинското решение. Спрејот за самопотемнување нуди еднаков, бронзен тен како сосема безбедна алтернатива на сончањето. Ќе направи да изгледате убаво, но што е најважно – ќе го зачува вашето здравје.

Спреј тенот претставува форма на само-потемнување, односно потемнување без сонце, каде се прска фин, специјален спреј. Овој спреј содржи специјална состојка,  дихидроксиацетон (DHA), која се вклопува со хемискиот состав на вашата кожа и предизвикува бојата на кожата да потемни, односно да добие бронзена боја. Овој привремен ефект обично трае од 3-7 дена и е сосема безбеден за вашата кожа.

Резултатите што се добиваат од тен спрејови се многу добри. Многу познати личности и модели го преферираат спреј тен третманот, за разлика од нешто друго, бидејќи многу лесно се добива посакуваната боја на кожата. Спрејот се нанесува на кожата со помош на различни уреди. Во нашиот салон користиме воздушен пиштол, со кој спрејот најрамномерно и најпрецизно се нанесува на вашата кожа.

Што треба да направите пред третманот?

  • Доколку имате намера да одите на депилација, направете го тоа два дена пред третманот
  • Доколку имате намера да одите на педикир, направете го тоа два дена пред тенирањето
  • Пред третманот, направете пилинг на лицето и телото
  • Не туширајте се со гелови што содржат масла
  • Не нанесувајте шминка, кремови, лосиони за тело, парфеми и дезодоранси
  • Носете лесна облека, по можност лелеав фустан или здолниште, блузи во темна боја, а на стапалата апостолки или сандали.

Предности на третманот

  • Прво и основно, спреј тен третманот е едноставен.
  • Овој третман е дефинитивно полесен, отколку нанесувањето на лосион или гел на целото тело.
  • Личноста која го врши третманот има многу поголема прегледност и контрола врз нанесувањето на спрејот.
  • Многу побрзо делува, во споредба со другите производи за само-потемнување.
  • За разлика од другите вакви производи, спреј тенот брзо се суши.
  • Третманот е сосема безбеден.

После третманот не се туширајте следните 5-7 часа. За одржување на тенот не правете пилинг на кожата!