Депилација

Депилацијата е еден од најраспространетите начини за отстранување на непосакуваните влакна од телото и повеќето жени ја претпочитуваат затоа што има многу предности во споредба со другите методи. Најдоброто кај депилацијата е што влакненцата се извлекуваат од коренот и кожата останува мазна во текот на 2 до 6 седмици, додека најлошото кај депилацијата е болката.

Интензитетот на болката најмногу зависи од тоа која област од телото е подложена на депилација, но исто така и од самата личност. Некои ја опишуваат болката како интензивна и неподнослива, а други само како непријатна и незначителна.

Постојат повеќе видови на депилации. Меѓу најпопуларните и најкористени депилации спаѓаат:

pic_depilation

SHR – IPL Ласерска Депилација

shr--ipl

Несаканите влакна одсекогаш претставувале голем естетски проблем. Бројот и големината на влакната зависи од повеке фактори: хормони, раса, генетика, старост, поднебје и бојата на кожата.

Емитувана пулсна светлост го апсорбира пигментот меланин при што светлосната енергија се трансформира во топлотна која предизвикува уништување на фоликулот кој е одговорен за нивниот раст.

Во нашиот салон се користи последна генерација на IPL SHR Vita Light ласер, при што процедурата е потполно безболна и безбедна.

Предноста на IPL – SHR ласерот за разлика од традиционалниот IPL laser e:

  • Ласерските наставки се со поголема површина, а колку е поголема површината, оптичката енергија подлабоко продира и ги уништува и најдлабоките корени на влакната.
  • Благодарение на SHR технологијата, третманите се прават во текот на целата година и на темна кожа.
  • Третманите се потполно безболни, бидејки оваа технологија има најнапредно ладење.
  • Има најголема сила од сите уреди на пазарот.
  • Може да се користат параметри, прилагодени за сите типови на кожа, за што подобри резултати.
  • Има најцелосно решение за сите типови на влакна освен за седи.
  • Нема опоравување по третманот, ниту црвенило.
  • Има помал број на третмани, во однос на другите ласери.
  • Најсигурен третман поради ефикасната метода на ладење, благодарејки на SHR технологијата.
  • Третманот за отстранување на влакна истовремено ја подмладува кожата и го намалува настанувањето на пигментација.
  • Региите се третираат во помали квадрати за рамномерно да се распореди енергијата.

Број на третмани

  • За третмани на тело и лице потребни се околу 6 третмани а за нозе околу 4 третмани.
  • Паузата за третмани на тело е до 2 месеци, а за лице 1 месец.
  • Кај хормонални пореметувања може да биде зголемен бројот на третмани.
  • На крајот од серијата третмани, се прават третмани за одржување за тело еднаш годишно, а за лице 1-2 пати годишно.

Освен за трајна епилација со специјалните филтери што ги поседува IPL SHR Vita Light ласерот го користиме за:

  • Подмладување на кожата.
  • Третман против брчки.
  • Третман против акни.
  • Отстранување на капилари.
  • Третман против хиперпигментации.

Шеќерна депилација

Шеќерната депилација претставува стар, природен, безбеден и ефективен третман за отстранување на несаканите влакна на кожата.  Шеќерната смеса за депилација се состои од шеќер, вода и сок од лимон, а постои во вид на шеќерна паста или како гел.

Предноста на оваа депилација е во тоа што со шекерната паста се вадат влакната во нивната природна насока на растење и тоа додека влакната се во сеуште рана фаза на растење со што се елиминира кинење, неудобност, иритација, појава на подраснати влакна, а во исто време ги отстранува мртвите клетки од кожата. Резултатот од оваа депилација е прекрасна мазна кожа. Оваа депилација е погодна за жени кои имаат проширени вени и испукани капилари.

sugar-epilation

Восочна депилација

wax-depilation

Секој сака совршена кожа: мазна, нежна и без влакна. 

Скоро секој дел од телото може да се депилира со восок.

Бидејќи влакната побрзо растат во топлите денови, оваа депилација е идеална за летниот период.

По депилацискиот третман, не изложувајте ја кожата на сонце најмалку 24 часа.

Восочната депилација се извршува со нанесување на ладен или топол восок. 

Секој од овие методи има свои предности и недостатоци.

Депилација со топол восок

Кога станува збор за топлата депилација, таа е многу ефетивна токму поради тоа што е топла. Топлината ги поттикнува порите и фоликулите на влакната да се отворат, со што полесно се отстрануваат влакната. Бидејќи топлиот восок се прилепува на влакната додека се суши, тој е многу ефективен во нивното отстранување, без да ја иритира вашата кожа.

Строго ги почитуваме правилата на стерилност и високо ниво на хигиена. Восокот треба да се топи на температура од 100-120 степени и секако, користиме восок за една употреба, со што се избегнуваат евентуалните инфекции, иритации, отоци, црвенило и чешање.

Депилација со ладен восок

Редовната депилација со ладен восок ќе го намали растењето на влакната и деплацијата е поедноставна и брза. Добар е за сите видови кожа. Кај ладната депилација восокот е за една употреба. После депилацијата кожата се чисти со гел или масло, а потоа со крема за хидрирање на кожата.

Депилацијата со ладен восок се изведува според истиот принцип како и депилацијата со топол восок, со тоа што восокот не се загрева. Се нанесува на сува кожа, а потоа на восокот се лепат ленти од ткаенина кои се повлекуваат со еден потег.