ДИЈАМАНТСКА МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА

Микродермоабразијата е еден од најпопуларните третмани во светот за блескав тен и чистота на лицето. Се работи за безболна терапија каде со помош на дијамантски прстени се врши пилинг на кожата и со тоа се постигнува нејзино интензивно обновување. На тој начин се зголемува отпорноста на кожата и се постигнуваат одлични резултати во борба против митесери, лузни од акни и изразени брчки.

Дијамантската микродермоабразија е механичко отстранување на површинските изумрени слоеви на кожата, со помош на сонда со дијамантска глава и вакум, при што во исто време се врши и вакум масажа која допринесува за подобро чистење на лицето, подобрување на циркулацијата и лимфна дренажа. Се постигнува раст на нови клетки во базалниот слој на кожата. 

dijam-mikroderabr

Овој циклус трае 2 недели, а во зрелите години се успорува, па треба да се забрза. Кај млади со масна кожа не доаѓа до редовно луштење на старите клеткии затоа тие се склони према акни. Затоа овој третман се препорачува и кај млади и кај зрели кожи. Микродермоабразијата е идеален пилинг. Допринесува кожата да се обнови на следниот начин:

  • Ги смалува старечките пеги (хиперпигментации) и малите брчки
  • Ги намалува проширените пори. Стимулира создавање на нов колаген.
  • Го подобрува тонусот и текстурата на кожата.

Подобрување на составот на кожата има веднаш по првиот третман. На образите се појавува руменило, тенот се изедначува, кожата е мазна. За оптимален ефект треба да се направат 4-6 третмани кои се работат еднаш на 7 дена. За да ја одржуваме убавината на кожата, потребно е да се повтори третманот на секои три месеци. Самиот третман не трае подолго од 30 минути, а освен на лицето може да се применува на рацете, вратот и деколтето.

Каде ја применуваме микродермобразијата?

Микродермоабразиjата е ефикасна кај сите типови кожи, а особено кај тие што имаат пеги, лузни, брчки, за да се изедначи тенот на лицето, да се подобри состојбата на безживотната сива кожа (пр. кај пушачи), или кожа која е оштетена од сонцето. Микродермоабразијата е идеална кај жени со проблематична кожа, склона на акни, со проширени пори и мали лузни.

Овој третман не се препорачува кај: лузни од изгореници кои не се зараснати, недијагностицирани отворени рани, херпес, брадавици, гнојни акни, розацеа, дијабет и автоимуни болести, како и кај луѓе со преосетлива кожа.

Исто така, дијамантската микродермоабразија е идеален третман пред мезотерапија без игли (електропорација) бидејки го отстранува мртвиот слој на клетки кои се најголема препрека на корисните материи да навлезат низ кожата.

Што треба да се прави после третманот?

Микродермоабразијата ја зголемува осетливоста на кожата на сончеви зраци и заради тоа не треба да се сончате минимум 24 часа. Може да биде осетлива на врела вода и пот и затоа не треба да се оди во сауна и да се тренира. За да се сочуваат резултатите од микродермоабразијата потербно е да се придржувте на следните правила:

  • користете хидратантен крем првата недела после треманот.
  • не користете креми и лосиони кои содржат гликолна или млечна киселина, не користете механички пилинг минимум 72 часа до и после третманот.
  • не користете декоративна козметика во тек на 24 часа (течна пудра, руж). Исклучок на ова се крем и сенка за очи, кои може да се стават веднаш после третманот.