ХИДРОАБРАЗИЈА

gl-24

Целта на хидроабразијата е отстарнување на мртвите клетки од површината на кожата, при што настанува раст на нови клетки и доаѓа до подобрување на изгледот и квалитетот на кожата. Водата со голема брзина влегува во секоја пора, па и оние најмалите и на тој начин механички ги исфрла сите нечистотии и митисери (црнки). Исто така доаѓа до отстранување на ситни лузни и површинска пигментација. Овој третман е замена за пилинг и абразија.

Кај хидроабразијата се користи вода измешана со кислород кои вршат механичко чистење и нема период на опоравување. Самиот третман е безболен, неагресивен и не остава никакви последици. Третманот може да се направи за време на пауза и веднаш потоа да се вратите на работа.

Може да се третираат сите типови на кожа дури и сува и осетлива без никакви последици. Промени се забележуваат веднаш после третманот, кожата е мазна, свежа а со тоа е отстранет и уморниот и безживотен изглед на кожата. Третманот може да се спроведува во тек на целата година, па и лето. Третманот трае околу 15 минути, а може да се користи на темни кожи без никаков страв од компликации. Ова е единствен третман со кој се постигнува право длабинско чистење  на лицето. 

За време на третманот се осеќа угоден млаз на вода кој го масира лицето и благ ветер поради кислородот. За време на третманот очите треба да се затворени и да дишете на уста. На крајот на третманот се става минерален серум, крем или маска према типот на кожата. Третманите се прават еднаш неделно, а потребно е серија од 6-8 третмани.

Која е целта на третманот?

  • Отстранување на мртвите слоеви на кожата.
  • Длабинско и темелно чистење на порите.
  • Отстранување на отворени (црни) митисери.
  • Подмладување на кожата со кислород.
  • Намалување на ситните лузни и површинска пигментација.

 

За што се користи третманот?

  • За подмладување и освежување на лицето, вратот и деколтето.
  • Главен начин на чистење на кожата кај проширени пори и масна кожа.
  • Лечење на акни.
  • Почетна пигментација.
  • Ситни лузни.