SHR – IPL Ласерска Депилација

shr--ipl

Несаканите влакна одсекогаш претставувале голем естетски проблем. Бројот и големината на влакната зависи од повеке фактори: хормони, раса, генетика, старост, поднебје и бојата на кожата.

Емитувана пулсна светлост го апсорбира пигментот меланин при што светлосната енергија се трансформира во топлотна која предизвикува уништување на фоликулот кој е одговорен за нивниот раст. 

Во нашиот салон се користи последна генерација на IPL SHR Vita Light ласер, при што процедурата е потполно безболна и безбедна.

Предноста на IPL – SHR ласерот за разлика од традиционалниот IPL laser e:

  • Ласерските наставки се со поголема површина, а колку е поголема површината, оптичката енергија подлабоко продира и ги уништува и најдлабоките корени на влакната.
  • Благодарение на SHR технологијата, третманите се прават во текот на целата година и на темна кожа.
  • Третманите се потполно безболни, бидејки оваа технологија има најнапредно ладење.
  • Има најголема сила од сите уреди на пазарот.
  • Може да се користат параметри, прилагодени за сите типови на кожа, за што подобри резултати.
  • Има најцелосно решение за сите типови на влакна освен за седи.
  • Нема опоравување по третманот, ниту црвенило.
  • Има помал број на третмани, во однос на другите ласери.
  • Најсигурен третман поради ефикасната метода на ладење, благодарејќи на SHR технологијата.
  • Третманот за отстранување на влакна истовремено ја подмладува кожата и го намалува настанувањето на пигментација.
  • Региите се третираат во помали квадрати за рамномерно да се распореди енергијата.

Број на третмани

  • За третмани на тело и лице потребни се околу 6 третмани, а за нозе околу 4 третмани.
  • Паузата за третмани на тело е до 2 месеци а за лице 1 месец.
  • Кај хормонални пореметувања може да биде зголемен бројот на третмани.
  • На крајот од серијата третмани, се прават третмани за одржување за тело еднаш годишно, а за лице 1-2 пати годишно.

Освен за трајна епилација со специјалните филтери што ги поседува IPL SHR Vita Light ласерот го користиме за:

  • Подмладување на кожата.
  • Третман против брчки.
  • Третман против акни.
  • Отстранување на капилари.
  • Третман против хиперпигментации.