PRP – ПЛАЗМОЛИФТИНГ ТРЕТМАН ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ НА КОЖАТА

Сите припаднички од понежниот пол се обидуваат да изгледаат свежо, негуван0 и убаво. Примамливиот надворешен изглед отвора многу врати. Кога сте задоволни со самите себе, некако сè ви оди од рака. Сепак, не е лесно да останете свежи, убави и добро одморени. Сепак, со PRP третманот и тоа е можно. Холивудските ѕвезди неодамна го открија овој третман. 

Дали сте слушнале за вампирски третман? Контроверзната, но нереално убава Анџелина Џоли, сите свои несовршености успеа да ги надмине со помош на специјален третман од сопствената крвна плазма. Се прашувате од каде несовршености кај Анџелина? Ги има, се разбира, како и секоја жена. 

Дури и најатрактивните припаднички на поубавиот пол во Холивуд, не се поштедени од подочници, брчки, дамки, лузни, опуштена и безживотна кожа. И самите знаеме колку многу вложуваат во својот изглед. Брзото темпо на модерниот живот, стресот, нездравата исхрана, слободните радикали и еколошките фактори, неизбежно оставаат белези на нашата кожа. Што да правиме?

vampire-procedure

Вампирскиот третман, претставува одлично решение. Вашата крв се инјектира под кожата – и тоа оној најквалитетен сегмент на тромбоцити, матични клетки и фактори за растење. Во потрага по убавината и еликсирот на младоста, естетската медицина утврди различни методи за решавање на проблемите на кожата. Иако вампирскиот третман со децении успешно се користи во физикалната медицина, рехабилитација, имплантолошката област на стоматологијата, како процедура против стареење се применува само неколку години. Сепак, за кратко време овој третман добива голема популарност, токму  поради тоа што ги поттикнува природните процеси во организмот, кои се задолжени за ревитализација на кожата.

 

Искористете ја сопствената сила!

Зошто крвната плазма е право богатство? Одредени тромбоцити од крвта содржат бројни фактори на раст, кои го поттикнуваат производството на колаген. На тој начин, се создаваат нови крвни садови и се зголемува екстраклеточниот простор на кој основна состојка е хиалуронската киселина. Со помош на вашата сопствена сила ќе се решите од најразличните несовршености и неправилности на вашето лице и тело. Текстурата и квалитетот на кожата се подобруваат, прстените околу очите се помалку видливи, а брчките значително се ублажуваат. 

Вампирскиот третман има забележителни резултати и во решавањето на проблемот со стрии и лузни, како и при подновување и подмладување на рацете. Најважно е тоа што алергични и имунолошки реакции се речиси невозможни, бидејќи се користи сопствената плазма, која ги поттикнува клетките да создадат ново, младо кожно ткиво.

По третманот можете да се вратите на вашите дневни активности, бидејќи можното минимално црвенило е од минлив карактер. Станете поубава верзија на вас, со наша помош. Вратете го изгубениот волумен и енергичност на лицето, на едноставен и природен начин.