Прв и единствен МедиСпа центар во Македонија
Со примена на најсовремените медицинско – естетски третмани и најсовремените медицинско – естетски апарати, можеме да ги решиме сите Ваши недостатоци.

Холивудски Луксуз

Откријте ја тајната на вечната младост и дозволете да ве разгалиме како Холивудските Ѕвезди. Не бидете претерано скромни, бидете негувани, бидете убави. Чувствувајте се како селебрити.

Врвна Технологија

Следејќи ги најновите научни достигувања, овозможивме примена на најсовремените светски медицинско – естетски третмани со најсовремените медицинско – естетски апарати.

Реномирана Козметика

Како ексклузивен застапник во овие краеви на реномираната Германска медицинско-естетска козметика être belle, Виталити МедиСпа Ви ја нуди нивната комплетна линија на производи.
Најпопуларните светски третмани за природно и ефикасно подмладување на кожата!!!

PRP - ПЛАЗМОЛИФТИНГ
PRP или ПЛАЗМОЛИФТИНГ е нехируршки третман за подмладување. Се прави на тој начин што во кожата се вбризгува крвна плазма која се добива од сопствената крв на клиентот. Оваа револуционерна процедура доведува до неверојатно подмладување на кожата.

ДЕРМАЛНИ ФИЛЕРИ
ДЕРМАЛНИТЕ ФИЛЕРИ се сотојат од истата хијалуронска киселина во олик на гел кој лесно се вградува во кожата. Суштината на третманите со филери е да се надокнади количината на хијалурон кој со текот на времето се намамалува. Дава природен и младешки изглед на лицето.
Популарни Третмани
Препорачано од нашите клиенти.

Дијамантска Микродермоабразија
Дијамантската микродермоабразија е механичко отстранување на површинските изумрени слоеви на кожата, со помош на сонда со дијамантска глава и вакум, при што во исто време се врши и вакум масажа која допринесува за подобро чистење на лицето, подобрување на циркулацијата и лимфна дренажа.

ВитаСпа LED Инфраред О3 Капсула
Оваа капсула користи напредна технологија со различен спектар на бои. Оваа технологија ги спојува четирите светлосни бранови со крајни инфрацрвени зраци. Со тоа се постигнува перфектен биолошки ефект на вашето тело и ум. По користење на капсулата за 20-30 минути, вашето тело губи 600 калории.

Третман со Хиалуронска Киселина
Доколку сакате да ги намалите брчките и линиите по лицето, тогаш третманот со хиалуронска киселина е одличен за вас. Тоа е така бидејќи хиалуронската киселина е природна супстанција која се наоѓа во нашето тело. Таа е ефективна алтернатива за инјектирање под површината на брчките.
Галерија
Дел од амбиентот, најсовремените апарати и практики, со кои ги негуваме Вашето здравје и убавина!







