БИПОЛАРНА РАДИОФРЕКВЕНЦА

Радиофреквенцата е неинвазивна метода која дава брзи и ефективни резултати во затегнување и подмладување на кожата на лицето и телото.Оваа технологија ја користи топлинската енергија за безболно загревање на средните слоеви на кожата, за да се постигне рамномерно загревање во длабокото ткиво.

Загревањето на длабоките ткива стимулира стварање и раст на нов колаген и со тоа се овозможува ефикасно затегнување на кожата. Резултатите веднаш се видливи и кожата моментално станува цврста и затегната. Биполарната радиофреквенца за козметичко освежување, се базира на поставување на две блиску позиционирани електроди, на местото кое се третира.

Струјата која минува низ електродите е релативно ниска и слаба. Како резултат на тоа, го затоплува ткивото на помала длабочина (2 – 4 mm), па така, примарно влијае само на кожата. Поради ова, уредите кои користат биполарна радиофреквенца обично се понежни и побезбедни од оние со монополарна радио фреквенција.

bipolar rf

Консеквентно на ова, диполарната радиофреквенца не е во можност да го затопли подлабокиот слој на ткивото, поради слабата, ниска струја. Поради ова, третманите со биполарна радиофреквенца се прават почесто и во поголем број, бидејќи се верува дека полезните ефекти од послабите дејствувања на овој третман се кумулативни.

Индикации за третмани со радиофреквентен лифтинг се:

  • Затегнување и подмладување на кожата на лицето и телото.
  • Обликување на лицето и телото.
  • Брз лифтинг на кожата.
  • Отстранување на кесчките под очите.

Најчесто третирани области се: Лице, врат, кесичките околу очите, подбрадок, стомак, натколеници, задница, како и секое подрачје каде кожата е млитава. 

Непосредно после третманот можете да се вратите на своите секојдневни активности. Третманот во просек трае оклу 20-30 мин. Зависно од подрачјето што се третира. Се препорачува серија од 6 третмани во интервал од една недела. По завршување на серијата потребно е на секои 2 месеци да се направи по еден третман за да се одржат постигнатите резултати.

Контраиндикации за примена на РФ третмани се: Личности со пеисмејкер, метални имплантанти, срцеви заболувања, бремени и жени кои дојат.