ЛИМФНА ДРЕНАЖА

limfna-drenaza

Лимфна дренажа е елиминација на вишокот на течности од организмот, односно од меѓуклеточниот простор каде што тие се собираат при лоша микроциркулација која настанува поради хормонални пореметувања, неправилен начин на исхрана, стрес, прекумерно седење и не бавење со физичка активност.

Исхраната на клетките се одвива преку крвта, а исфрлањето на штетните материи преку лимфата. Лимфата е течност која циркулира по лимфните садови,  ги собира сите токсични материи и ги исфрла  надвор од организмот. 

При лоша циркулација на лимфата, организмот се трови и се оформуват отоци. Лимфата е “канализација” на нашиот организам. Лимфната дренажа е процедура со која се отстрануваат сите негативни последици од лошиот лимфоток. Како резултат на детоксикација на органзимот, исчезнуваат отоците, се намалува обемот, се смалува телесната тежина, контурите на телото стануваат привлечни, млитавата кожа се затегнува и станува цврста, субјективно се чуствува леснотија на телото и се подига расположение.

Лимфната дренажа може да се прави рачно и со апарат за лимфна дренажа и пресотерапија. Во нашиот салон користиме апарат за компјутеризирана лимфна дренажа со помош на апарт за пресотерапија и инфрацрвена топлинска терапија.